Левица: ДПМНЕ преку Еразмус+ дели пари на универзитетот на Мерко наместо да го затвори

Од:

Повторно се открива соработката помеѓу двете долгогодишни коалициони партнери, ДПМНЕ и ДУИ, овој пат преку директна соработка со градоначалникот на црна листа, Рамиз Мерко. Додека премиерот Мицкоски секојдневно го обвинува ДУИ за криминал и корупција, неговите директори делат европски пари на спорниот универзитет во Струга, кој е директно во сопственост на фунционерот на ДУИ и градоначалник на Струга, велат од Левица.

„Односно, новопоставената В.Д. директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – Ана Михајлов, пред само една недела одобрила грант од Еразмус+ програмата на контроверзниот Универзитет во Струга од Рамиз Мерко! Ова е скандал од невиден размери, каде европски пари се делат на универзитет, за кој и министерката Весна Јаневска во официјални изјави потврди дека се утврдени бројни неправилности во неговото работење.

Скриената коалиција помеѓу ДПМНЕ и ДУИ, која совршено функционира во општините каде ДПМНЕ е власт, се докажува повторно. За Универзитетот на Рамиз Мерко има бројни скандали и истиот е познат дека единствено служи за принтање дипломи на функционерите на ДУИ, без да исполнува никакви критериуми за неговата спорна акредитација. Левица потсетува дека единствениот просветен инспектор кој алармираше за неправилностите на овој универзитет експресно беше суспендиран и деградиран, па пензиониран во време на владеењето на СДС и ДУИ. Ако ДПМНЕ пати од амнезија, Левица го потсетува дека просветен инспектор беше физички нападнат при вршење на надзор токму на струшкиот универзитет, каде сега ДПМНЕ дели европски пари.

Левица јавно ја прашува министерката Весна Јаневска – зошто наместо да се затвори универзитет на ДУИ поради констатираните неправилности, Владата на ДПМНЕ дели грантови од европски пари?! Дали власта со амнестирањето на криминалот во овој универзитет постепено ја најавува идната влада со ДУИ, со оглед на тоа што и поранешниот вицепремиер Груби кој е во бегство партијата на Мицкоски веќе не го спомнува, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Скопјани кои го градеа градот не можат да обезбедат дом од лудите цени на нехуманата урбанизација

Горан Наумовски

Левица: МО да го расветли скандалозниот конкурс за офицери, голем број од примените не ги поминале физичките проверки

А1он

Левица: Уште една дивоградба на инвеститорот на хотелот во Лагадин кој Заев го бранеше

А1он

Левица: Измените на Закон за рударство се кроени во интерес на корпорациите

Горан Наумовски

Амар Мециновиќ – кандидат за градоначалник на Град Скопје од Левица

А1он

Левица: Нови 386.000 евра отидоа кај „Маратон“ наместо кај ЈСП – јавниот превоз ги трпи штетите направени од ДПМНЕ и Јанушев