Рубио: Војната во Украина треба да се заврши преку преговори

Од:

Американскиот државен секретар Марко Рубио во телефонски разговори со европските министри за надворешни работи и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, се согласи да продолжи соработката во дипломатските напори за завршување на војната меѓу Русија и Украина преку трајно договорено решение, соопшти Стејт департментот.

Во соопштението се вели дека Рубио разговарал со финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен, францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, германскиот министер за надворешни работи Јоханес Вадефул, италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибих и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

Би можело да ве интересира

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него

Орпо: Не треба да се склучуваат договори за купување руски гас додека трае војната во Украина

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Песков го критикува Брисел: Америка бара мир, додека Европа поттикнува војна

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран