Рубио: Путин е подготвен да се сретне со Зеленски

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изрази подготвеност да се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски, потврди американскиот државен секретар Марко Рубио во интервју за Фокс њуз.

„Фактот што Путин вели: „Секако, ќе се сретнам со Зеленски“ е веќе сериозен. Не велам дека ќе ја напуштат просторијата како пријатели, ниту дека веднаш ќе потпишат мировен договор. Но, важно е по три и пол години да се отвори директен канал за разговори“, рече Рубио.

Тој потсети дека иницијативата за средбата дошла од американскиот претседател Доналд Трамп, кој предложил двајцата лидери да се сретнат. Според него, локацијата на средбата сè уште не е утврдена, а доколку разговорите бидат успешни, во следната фаза би можел да се организира трилатерален состанок – со учество на Трамп, Путин и Зеленски.

Вашингтон очекува дека овој состанок би можел да донесе конкретен напредок во постигнувањето договор за решавање на украинската криза.

Би можело да ве интересира

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

Зеленски: Украина нема да издржи ако САД застанат на страната на Русија

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

Трамп ги укина санкциите и царините кон Русија

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон