Пожарот во „Јасен“ е под контрола, нема други активни пожари

Од:

Во последното деноноќие на територијата на Република Северна Македонија регистрирани се вкупно 24 пожари на отворен простор.

Во моментов нема активни пожари, еден е под контрола, а 23 се целосно изгаснати.

Под контрола e пожарот во:
Општина Македонски Брод – Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума).

Изгаснати се пожарите во:

Општина Липково 1 – с. Лојане (борова шума)
Општина Липково 2 – с. Слупчане (борова шума)
Општина Центар – Парк шума Водно (сува трева)
Општина Студеничани – с. Драчевица – с. Цветово (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Бутел – с. Љубанци (ниска вегетација и мешана шума)
Општина Гази Баба – с. Инџиково (сува трева)
Општина Аеродром – ул. Лисец, Горно Лисиче (сува трева, ѓубре и помошни простории)
Општина Сарај – с. Кондово (ниска вегетација)
Општина Прилеп – с. Ерековци (сува трева)
Општина Ресен 1 – с. Претор (сува трева)
Општина Ресен 2 – м.в. Макази (сува трева)
Општина Струга – с. Долна Белица (стрниште)
Општина Дебар – во град Дебар (сува трева)
Општина Градско – с. Убого (сува трева)
Општина Чашка 1 – помеѓу с. Согле и с. Богомила (нискостеблеста деградирана шума)
Општина Чашка 2 – с. Стари Град (грмушки, сува трева и бандера)
Општина Штип – н. Железничка (ѓубре)
Општина Кочани – с. Оризари (сува трева)
Општина Куманово – с. Романовце (стрниште и сува трева)
Општина Старо Нагоричане – с. Алгуње (нискостеблеста шума и ниска вегетација)
Општина Јегуновце – помеѓу с. Рогачево, с. Јажинце и с. Долно Орашје (нискостеблеста мешана шума)
Општина Тетово – на патот Тетово – с. Брвеница (ѓубре)
Општина Теарце – с. Пршовце (депонија)

Би можело да ве интересира

Поради пожар затворен е патот Македонски Брод – Скопје

Голем пожар на Брач, гори борова шума

Шумски пожари во Шпанија, полицијата ги евакуира жителите

Регистрирани се осум пожари на отворен простор – три се активни, еден е ставен под контрола

Активен е само пожарот во „Јасен“

Горан Наумовски

Пожарот во „Јасен“ се уште активен, затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје