Српскиот претседател Александар Вучиќ на прес конференција најави дека државата ќе одговори многу силно за неколку дена на дивеењето на демонстрантите во Србија. Тој кажа дека нема да се воведува вонредна состојба.
-Ќе ги оставиме сега неколку дена да видиме што следно ќе направат. Како тргнале тие ќе убијат некого. Но за неколку дена ќе следува многу силен одговор од државата со сите средства кои ни се на располагање. Морате да разберете дека тие луѓе немаат иделогја, идеја и затоа мота да понудат насилство, рече Вучиќ.
Тој кажа дека нема да има никаков ефект било каков притисок од надвор државата да се справи со демонстрантите.
„Странски диппломат ми напиша недопустливо е рушење на просториите на политичка партија. Читам три пати на англиски, си викам го заборавив јазикот. Одговорив дали знаете чии простории се уништени-само на една партија. А потоа следуваше одговор а да мислев и на тоа.А на што мислиш кога не се уништени други простории од друга партија? И не добив одговор никаков“.
Вучиќ: Факултетите ги претворија во дувла и свињарници
„Почнаа да го укинуваат школувањето и образованието. Не формално, но фундаментално да. Денес нашите деца учат и знаат многу помалку. И не ги разбирам родителите кои го поддржуваа тоа. Откако го уништија школувањето и образованието, го уништија до темел што нашите факултети беа претворени во дувла и свињарници, со аплауз и извици од сите сали и ходници дека ова е најубавото нешто.
Претпоставувам дека изградивме универзитети за да бидеме свињарници, а не за да образуваме деца. Ова е највисокото ниво на успех што го постигнавме. И не дај Боже некој да се осмели да каже нешто против тоа, веднаш ќе го гонат“, ги обвини Вучиќ студентите и демонстрантите.
Вучиќ: Тие се измамници и лажговци
И моравме да издржиме сè, ако државата почне да го спроведува законот, тогаш тие викаат тоа е терор, ги тепаат нашите деца. Замислете ветеран кој е роден во 1985 година. Во која војна учествувал тој? Зборуваме за измамници и лажговци“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека потоа започнала приказната дека сите се крадци, а преку ноќ најчесните луѓе биле претставени како крадци.
„Слушам лаги дека Франш е на мојот брат и повторно велам: покажете ми една од моите сметки во странство. Мојот татко има своја куќа на територијата на Босна и Херцеговина, откако реновирал една. А оние кои имаат стотици милиони евра и кои ја ограбиле земјата одеднаш станаа лопови. И сето ова е поддржано од окупаторските медиумски платформи“, рече Вучиќ.
Тој вели дека потоа преминале на политички барања, кои не ги сакале до вчера. „И рекоа дека секој што сака избори е предавник. Потоа тие стануваа сè понемоќни, а луѓето почнаа да ја разбираат нивната деструктивна улога, па затоа побараа избори“, додаде Вучиќ.