Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

На 15 август, во домот на улицата “Борис Бојаџиски”, при вршење семејно насилство, се обидела да ја лиши од живот бабата на својот сопруг со која живееле во семејна заедница.

Додека оштетената родена 1938 година одмарала во една од собите, осомничената влегла во собата и ја заклучила вратата, а потоа седнала врз жртвата и и ставила перница врз главата со намера да ја задуши.

Ја притискала со перницата и ја удирала со тупаници по главата. Престанала кога мислела дека ја убила и за тоа му кажала на сопругот. Тој веднаш повикал полиција, а оштетената била пренесена во болница каде и биле констатирани нагмечување на главата и на вилицата, како и хематоми.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничената, особено затоа што постојат очигледни околности кои укажуваат на можност да го повтори делото, односно да го доврши обиденото дело.

Би можело да ве интересира

Видеолотарија Касинос Австрија со донација за ТППЕ Кочани

Ја задушил и ја закопал, на пријателите им рекол дека му дошла на сон и му кажала од каде да ја спаси

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК

Сали: Протестите на ДУИ се политички мотивирани, Уставниот суд укина одлука која била донесена без да се испочитуваат процедурите и законот

Осум пожари на отворено, три сè уште активни

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“