Рој пчели беа причина за одлагање на летот на авион на компанијата „Делта Ерлајанс“ на реалција од Питсбург до Њујорк, откако од засега необјасниви причини илјадниците пчели се насобрале на едно од крилата на леталото.
На помош во справување со проблемот аеродромските власти го повикале локалниот пчелар Стивен Репаски, кој успеал да ги одведе илајдниците пчели од крилото на авионот.
Во изјава за локланите медиуми Рапаски нагласи дека ваков рој од 25 до 30 илјади пчели вообичаено се собира кога постојната пчелна колонија станува преголема, па матицата го напушта пчеларникот со дел од пчелите и образува нов.
Според Репаски, овие пчели најверојатно потекнуваат од некој див пчеларник што се наоѓа во близина на аеродромот.
Пчелите се заштитен вид во американсата сојузна држава Пенсилванија и нивното убивање е забрането.