Мапата покажува дека летот на Путин до Алјаска е најгледан во светот. Авионот на Путин помина над Далечниот Исток на Русија и влезе во САД и оди кон целта во американската база. Се очекува да пристигне во Алјаска околу 11 часот наутро по локално време, или 21 часот по македонско време.
Според податоците на Flightradar24 токму овј лет најмногу луѓе го следат на страната, од 160 илјади луѓе на почетокот до 430 илјади луѓе пред слетувањето. Путин се очекува да биде пречекан од американскиот претседател Доналд Трамп и првата средба ќе биде во авионот.
Ова се членовите на руската и американската делегација
Руската делегација ја сочинуваат:
Владимир Путин, претседател на Русија
Сергеј Лавров, шеф на дипломатијата
Андреј Белоусов, министер за одбрана
Антон Силуанов, министер за финансии
Кирил Дмитриев, директор на Фондот за директни инвестиции
Јури Ушаков, помошник на претседателот
Американската делегација ја сочинуваат:
Доналд Трамп, претседател на Америка
Марко Рубио, државен секретар
Хаурад Лутник, министер за трговија
Скот Бесант, министер за финансии
Џон Ратклиф, директор на ЦИА
Средбата Трамп-Путин може да трае шест часа
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека историската средба меѓу двајцата лидери може да трае и од шест до седум часа.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес, во пресрет на самитот меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, во Алјаска, изјави дека дојде време војната во Украина да заврши и дека Киев смета на поддршката од Вашингтон.
Пред средбата со Трамп, Путин положи цвеќе на споменикот во чест на советско-американската соработка во воздухопловството за време на Втората светска војна на Далечниот Исток на Русија.