Трамп: Втората средба на која ќе биде и Зеленски е поважна од денешната средба со Путин

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека целта на неговата средба со рускиот колега Владимир Путин денес во Алјаска е да се подготви за можна средба меѓу Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, за која нагласи дека ќе биде поважна.

„Сè што сакам да направам е да „поставам маса“ за следната средба, која треба да се случи наскоро. Би сакал тоа да се случи многу брзо“, изјави Трамп.

Tрамп додаде дека би сакал можната средба меѓу Путин и Зеленски да се одржи и во Алјаска.

Трамп, исто така, рече дека мисли оти Путин и Зеленски ќе „склучат мир“.

Би можело да ве интересира

Москва обвинува: Зеленски создава „пантеон“ на украински националисти и соработници

Техеран му возвраќа на Трамп: Калифорнија е „нова територија на Исламската Република Иран“

Трамп го одложи воведувањето на царина од 50 отсто за Канада

Трамп: САД не преговараат со Иран

Зеленски го претстави генералот Хмара, новиот човек задолжен за одбраната на Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: „Замолчи, замолчи, безборазна“, Трамп збесна и и се развика на новинарка на настан во Белата куќа

Катерина Ѓуровски