Стармер и Зеленски се решени да постигнат праведен и траен мир во Украина

Од:

Британскиот премиер Кир Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изразија силно чувство на единство и цврста решеност за постигнување праведен и траен мир во Украина во Лондон, соопшти Канцеларијата на британскиот премиер.

Како што е наведено во соопштението, Стармер го угости Зеленски утрово на Даунинг стрит.

За време на работен појадок, тие разговараа за вчерашните средби.

Вчера се одржа видеоконференција со европските лидери и Зеленски, кој потоа разговараше со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

Орбан во кампањата објави отворено писмо до Зеленски: „Жал ни е за украинскиот народ, но не сакаме да учествуваме во војната“

Путин го покани Зеленски да дојде во Москва

Седум полицајци се повредени во експлозија во Украина, Зеленски тврди: Тоа е тероризам

Зеленски: САД да останат на страната на Украина

Орбан: Зеленски мора да знае дека со напад на Унгарија може само да изгуби

Зеленски: Путин ја започна Третата светска војна