СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

Од:

Скандалот со вмровските шеми во Еразмус+ вреден милиони евра мора целосно да биде расчистен од страна на Обвинителството и да следи одговорност. Владата назначи лице под активна истрага на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) за в.д. директор на Националната агенција, велат од СДСМ.

„Тоа јасно ја покажува намерата на власта да ги штити партиските и бизнис интереси по секоја цена, да се обиде да влијае на случајот којшто е во Јавното обвинителство откако ОЛАФ го достави изветајот со сите наоди. Официјалниот извештај на ОЛАФ од 2023 година наведува постоење на основан сомнеж за злоупотреба на над 2,2 милиони евра европски пари во период на владата на Груевски, почнувајќи од 2016 година. Владата веднаш треба да ја разреши Ана Михајлов а Јавното обвинителство без одлагање да постапи по наодите на ОЛАФ. За злоупотреби нема место во образованието. Одговорност мора да има, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски

СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДММ: Дали 5 милиони евра е дилот за Гета, Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните

(ВИДЕО) Кузеска: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат дали сакаат нивните деца да платат цена за Мицкоски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз