Објавени детали за средбата Трамп-Путин на Алјаска

Од:

Како што објави Кремљ денеска, рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретнат утре во воздухопловната база Анкориџ во 11:30 часот по локално време. Средбата ќе биде во формат „еден на еден“, со присуство само на преведувачи покрај двајцата претседатели.

По таа средба, делегации од по пет функционери од секоја страна ќе се приклучат и ќе одржат работен појадок, а самитот ќе заврши со заедничка прес-конференција.

Централната тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и економската соработка, изјави Јуриј Ушаков, советник во Кремљ.

Самитот, закажан за 15 август 2025 година, ќе биде првата средба меѓу двајцата лидери на американска почва од самитот во 1988 година.

Белата куќа го опишува состанокот како „вежба за слушање“ во која Трамп сака подобро да ги разбере позициите на Русија, но не очекува договор за прекин на огнот тој ден. Се очекува во следната фаза да следи трилатерален состанок, на кој покрај Трамп и Путин, ќе биде присутен и украинскиот претседател Володимир Зеленски, но само под услов на првиот самит да се постигне напредок.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозја во Ростов, со дрон погодена зграда

Катерина Ѓуровски

Дали Украина навистина ќе биде во фокусот, што навистина сака Путин од состанокот на Алјаска

Хантер Бајден тврди дека Епштајн ја запознал Меланија со Трамп, таа најави дека ќе го тужи

ВИДЕО: Што и нуди Трамп на Украина во замена за мир

Катерина Ѓуровски

Фон дер Лајен: ЕУ, САД и НАТО ја зајакнаа својата заедничка позиција за Украина

Горан Наумовски

Макрон: Трамп сака траен прекин на огнот во Украина по средбата со рускиот претседател Владимир Путин