Експлозии во Одеса – тројца загинати додека пливаа во забранета зона

Од:

Три лица загинаа додека пливаа во морето во регионот Одеса кога два непознати предмети експлодираа во забранетата зона за пливање, соопшти регионалната полиција, објавија денес украинските медиуми.

Истражни и оперативни тимови, експерти за експлозиви и спасувачи се на местото на настанот, објави Укринформ.

Како што изјави Олег Кипер, началник на полициската служба на регионот Одеса, на каналот Телеграм, инцидентот се случил во областите Затокa и Каролино-Бугаз.

– Три животи се изгубени поради непочитување на забраната. Еден маж загина во Каролино-Бугаз, а маж и жена загинаа во близина на Затокa. Сите загинаа во експлозија на непознати предмети додека пливаа во зони каде што е забрането – рече Кипер.

Тој потсети дека во овој регион има 32 безбедни зони за пливање кои поминала детална инспекција и во кои нема опасност од мини во морето и на брегот.

Во градот Затокa во јуни, две лица беа убиени од експлозија на мина, потсети Укринформ.

Би можело да ве интересира

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него

Орпо: Не треба да се склучуваат договори за купување руски гас додека трае војната во Украина

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски