ВРЕДИ: Бујар Османи, што криеш штом нема документи каде си потрошил над 120 милиони денари?

Од:

ВРЕДИ го повикува Бујар Османи да престане да се крие и јавно да одговори: Зошто нема никаква документација за потрошени над 120 милиони денари од буџетот на Министерството за надворешни работи? Зошто нема податоци што е направено за толку огромна сума пари?“ соопштија денеска од ВРЕДИ.

Прашуваат Зошто не постои отчет за овие средства, ниту трага од тоа што останало по завршувањето на самитот на ОБСЕ? Овие прашања се за пари на сите граѓани, за пари кои требало да се користат за училишта, подобро здравство, за водоводи и патишта, а завршиле без траг, документ и доказ во непознат правец“.

Државниот завод за ревизија јасно утврди дека во време на Бујар Османи, МНР ги потрошило овие пари без да се знае за што, без покритие, без документи и без видлив резултат. Државниот завод е надлежна институција за вршење на ревизија на трошоците на институциите и функционерите. ДЗР изготвува извештаи за трошоците на сите институции и е единствено надлежна за тоа. По закон, ваквите извештаи се доставуваат до сите надлежни институции, вклучително и до Јавното обвинителство, а по потреба и до Финансиската полиција. Очекуваме тие институции заради кредибилитет, веднаш да постапат и да утврдат одговорност“ е ставот на ВРЕДИ.

Од коалицијата обвинуваат дека Бујар Османи во својот живот не направил ништо за Општина Чаир, ниту еден проект, ниту едно подобрување за граѓаните, ниту кренал телефон за да помогне“.

Би можело да ве интересира

Османи: Чаир не смее да биде општина на стравот

Османи го најави проектот „Плоштад Лирија“ кој предвидува целосно решавање на сообраќајниот метеж со подземен сообраќај

Горан Наумовски

ВРЕДИ: Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети е најголемата политичка измама

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Старата скопска чаршија е нашата гордост, таа треба повторно да блесне и да стане мотор на културниот развој, вели Османи

Горан Наумовски

Османи: Владата е во паника, праќаат емисари за да бидеме дел власта

Горан Наумовски

ВИДЕО: Бујар Османи го повика Изет Меџити да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски