Унгарскиот премиер Виктор Орбан и министерот за надворешни работи Петер Сијарто денес се сретнаа со претседателот на Република Српска Милорад Додик во Будимпешта, а во таа пригода унгарскиот министер за надворешни работи изјави дека интересот на Унгарија за национална безбедност е „стабилноста на Западен Балкан, а секоја надворешна интервенција што е во спротивност со тоа е и штетна и опасна“.
Hungary’s national security interest lies in stability in the Western Balkans. Any external interference is harmful and dangerous. The will of the region’s people must be respected—questioning it threatens stability and peace. Met @MiloradDodik today to confirm Hungary’s support. pic.twitter.com/67iKKGIutz
— Péter Szijjártó (@FM_Szijjarto) August 5, 2025
„Одлуките на луѓето од Западен Балкан мора да се почитуваат, а нивното преиспитување ја загрозува стабилноста и мирот во регионот“, објави Сијарто на Фејсбук, споделувајќи фотографии од средбата со Додик и српскиот член на Претседателството на БиХ, Жељко Цвијановиќ, во Будимпешта.
Додик претходно објави дека го посетува својот пријател Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, лидер кој јасно и храбро стои зад волјата на народот, демократијата и суверенитетот.
„Му сум благодарен за неговата поддршка за Република Српска и неговите јасни пораки да се почитува она што го избира народот, а не она што го наметнуваат неизбраните. Нашата борба е иста – да се запре злоупотребата на правдата и самоволието на длабоката држава. Крајот на тоа е близу. Моќта на народот се враќа во Европа, а со неа и правдата. Слободата ќе победи, демократијата ќе победи!“, напиша Додик на платформата X.
Заедно со текстот, Додик објави фотографија на која е со Орбан, српскиот член на Претседателството на БиХ, Жељко Цвијановиќ.