Владата не може да го разреши Коцевски поради изборите, процесот ќе го продолжи од ноември

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека републичкиот јавен обвинител Љубомир Коцески кому му беше изгласана недоверба во Собранието, продолжува да биде лојален на претходната владејачка коалиција ДУИ-СДСМ, и оти правните ограничувања во предизборниот период го блокираат процесот на негово разрешување.

– Вие се сеќавате дека од опозицијата мене ме обвинуваа дека сум бил во некаква коалиција со него, дека сум диктирал обвиненија, дека сум опструирал обвинителни процеси итн. Во рамките на неколку минути сето тоа се демантираше, дека е практично конструкција и лага. Видовте кои го поддржаа при гласањето – тоа беше поранешната влада, пратениците од ДУИ, кои што ме обвинуваа дека соработувам со него, при неговите етноцентрични одлуки со фокус на ужасната трагедија во Кочани. Ете, видовте каква е вистината, дека тој практично е сè уште лојален на оние што претходно му дале поддршка, а тоа е коалицијата ДУИ–СДСМ, изјави Мицкоски.

Премиерот нагласи дека Владата моментално нема правна можност да преземе конкретни чекори поради изборниот процес што следува.

-Сега, и да сакаме, не можеме да преземеме нешто бидејќи влегуваме во процес на распишани избори. Најверојатно изборите ќе се распишат кон крајот на следната недела. Така што, сите процеси на избор и именувања поради ограничувањата на законот ќе бидат стопирани. Од ноември ќе продолжиме со оној процес, онаму каде што застанавме. Ако се одважи и даде оставка, повторно влегуваме во еден лавиринт во кој не можеме да бидеме поради ограничувањата кои што ги имаме. Ние можеме да избереме, но ќе биде спротивно на закон. Затоа има таму заменици – тие ќе ја заменуваат работата на јавниот обвинител сè додека не биде избран нов. Истото важи и за другите институции, не само за јавниот обвинител, додаде тој.

Во понеденикот, пратениците во македонското Собрание ја поддржаа интерпелацијата на републичкиот обвинител Коцевски. Интерпелацијата нема правно дејство што значи дека Коцевски останува сам да одлучи дали ќе поднесе оставка или пак Владата ќе биде таа која ќе продолжи со постапката за разрешување.

Би можело да ве интересира

Мицковски најавува преговори за дополнително намалување на царините од САД

СДСМ: Наместо македонскиот ветер да го користи за поевтина струја, Мицкоски се фали со профит за приватен инвеститор

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да ја прими пораката на Собрание и да поднесе оставка

Горан Наумовски

Мицкоски до Економско-социјалниот совет: Ќе донесеме добри решенија ако на сите ни е подеднакво важен интересот на граѓаните

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителот Коцевски да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Апасиев: Коцевски го изгуби легитимитетот – тврдиме дека постои политички дил со премиерот

А1он