Бендевска наместо Гаши на Пелинце и во Прохор Пчински за Илинден

Од:

Потпреседателката Весна Бендевска ќе ја предводи собраниската делегација на Пелинце и во Прохор Пчински за 2 Август информираа од прес службата на Собранието.

– По повод 2 Август – Денот на Републиката, во име на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Весна Бендевска, заедно со собраниска делегација во состав: Бране Петрушевски, Никола Коњановски, Даниела Николова и Даниел Стојчевски, ќе одбележи 81 година од Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. Државната делегација, предводена од потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Весна Бендевска, ќе го одбележи 2 Август – Илинден, во манастирот Прохор Пчински, се вели во известувањето.

Премиерот Христијан Мицкоски ќе биде дел од свеченостите во Скопје. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, ќе присуствува на централната манифестација во Крушево.

Би можело да ве интересира

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

Предраг Петровиќ

Бендевска: Битола деновиве е градот кој ги руши сите стереотипи и заблуди, промовирајќи дух на пријателство наместо ривалитет

Апасиев положи цвеќе на Прохор Пчински за јубилејниот АСНОМ

Предраг Петровиќ

Министерството за човекови и малцински права им го честита Илинден на Македонците во Србија

Мицкоски: Прогласувам мораториум на разговори на теми кои делат и ги злоупотребуваат етничките прашања, ги повикувам сите лидери да зборуваме за она што решава проблеми, економијата, образование, иновации

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“