Словенечкиот екипаж е подготвен за гаснење на пожарот на планината Готен

Од:

Во Берово денеска пристигна словенечкиот екипаж кој се вклучи во гаснењето на пожарот на планината Готен, како и останатите пожари во источна Македонија. Пожарникарите од Словенија се сместија на градскиот стадион „Димитар Беровски“, каде по поставувањето на опремата активно се вклучија во теренските интервенции на опожарените места.

Претставник на екипажот Роберт Шкрл изрази длабока солидарност со македонските граѓани и нагласи дека нивниот тим ќе работи во тесна координација со националните и меѓународните служби за да обезбеди ефикасен и навремен одговор на кризата.

Како дел од Механизмот за цивилна заштита на ЕУ (UCPM), Словенија испрати Единица за брзи интервенции – модул за гасење шумски пожари со возила (SI EHI GFFF-V). Мисијата вклучува вкупно 61 лице, меѓу кои менаџмент, логистика, ИТ и медицинска поддршка, како и обучени пожарникари.

-Стигнавме со 17 возила, од тие 7 се специјализирани за гасење шумски пожари, додека вкупно се 61 лице овде од кои 42 пожарникари, останатите служат за логистика и поддршка. Нудиме помош колку можеме се надеваме дека ќе бидеме успешни во тоа гаснење на пожарот, изјави за МИА, Роберт Шкрл од словенската противпожарна експедиција.

Словенечката единица како што доаде е опремена за целосна самостојност, со своја логистика и комуникациска опрема, а првично е планирано нивниот ангажман да трае една недела, со можност за продолжување во зависност од развојот на ситуацијата на теренот.

Би можело да ве интересира

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчев: Левица со предлог-закон за отстранување на бизнис мотивот за подметнување шумски пожари