„Идеа Лаб“: Успешно го организиравме ЕМОФ за што добивме потврда лично од претседателот на Европскиот олимписки комитет

Од:

По екстремно успешно организираниот Европски младински олимписки фестивал, за кого добивме потврда лично од претседателот на Европскиот олимписки комитет, политичките превирања не престануваат да ја дезинформираат јавноста со небулози.

„Имено, денеска на прес-конференција политичката партија СДСМ излезе со податок дека нашата агенција е ангажирана за промоција на фестивалот со финансиски надомест од Министерството за спорт, што е апсолутна невистина.

Имено, точно е дека бевме ангажирани во делот на промоција на фестивалот, но ангажманот го добивме од Македонскиот олимписки комитет и тоа во делот на: промоција на настанот на социјални мрежи, изработка и координација на фан зоните, координација и организација на церемонија на отворање, затворање и церемонии на доделување медали.

За истиот ангажман на месечно ниво, доставуваме фактури до МОК за испорачаните услуги.

„Срамно и безидејно е да се глуми после војна, генерали. За фестивалот споменат на денешната прес-конференција добивме лично признание од Спирос Капралос, за најдобра одржана церемонија на отворање од 1991 година до денеска. Наместо да се зборува тоа, во медиумите, се шират лаги и невистини. Кога веќе некој решил да ни прави бесплатна реклама, можеше да спомене дека и во 2023 година, работевме на „Преспа Форум Дијалог“, кога партијата која денеска нѐ прозива, а тогаш беше на власт, нѐ ангажираше преку Министерството за надворешни работи. Во 2021 година Идеа Лаб работеше на проекти за Општина Аеродром кога локалната власт беше во рацете на партијата која денеска одржа небулозна прес-конференција. Искрено, Ве замолувам да не нè вмешувате во вашите политички превирања. Ние сме комерцијален субјект и за нашиот ангажман е неважна политичката определба, туку резултатите кои ќе ги испорачаме пред клиентот“, изјави Димитар Атанасовски, управител на ПР и маркетинг агенцијата „Идеа Лаб“.

Како агенција, постоиме повеќе од 14 години. „Идеа Лаб“ е единствена македонска агенција член на ПРОИ (Светска асоцијација на ПР агенции), зад себе имаме проекти како Европскиот Супер Куп, соработка со дваесетина интернационални и преку двесте домашни компании, што е сосема доволен показател за нашата професионалност.

ЕМОФ е уште еден во низата успешни проекти во кој сме биле вклучени, за кој говори цела спортска Европа и споделува позитивни впечатоци, додека одреден мал број политички партии и субјекти од Македонија пробуваат да го оцрнат. За сите останати проекти за коишто нѐ прозиваат, истите се јавно достапни и слободно можат да си ги побараат“, велат од агенцијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел