Експерс: Средба Јахјага-Николиќ во октомври

Од:

Високиот претставники за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Кетрин Ештон работи на подготовка на средба меѓу претседателите на Косово и Србија, Атифете Јахјага и Томислав Николиќ, тврди приштинскиот весник „Експрес“.

Весникот, повикувајќи се на изјава на европски допломат кој побарал анонимност, наведува дека средбата Јахјага-Николиќ би се одржала во октомври во некоја од земјите-членки на ЕУ.

Според истиот извор, ЕУ не очекува никакви конкретни резултати од оваа средба, тука на неа повеќе гледа како на симболичен гест.

„Експерс“ наведува дека и Јахјага и Николиќ изразиле подготвеност за средба на која би ги разгледале за проблемите во односите меѓу Приштина и Белград.

Весникот потсетува дека досега во дипломатските кругови се споменуваше можноста за средна меѓу Јахјага и Николиќ за време на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк во септември.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски