Разговараа Путин и Нетанјаху, се очекува реакцијата на Иран

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата на Блискиот Исток.

Путин нагласи дека Москва е подготвена да помогне во наоѓањето договорено решение за нуклеарната програма на Иран.

– Земајќи ја предвид неодамнешната ескалација на иранско-израелскиот конфликт, руската страна изрази подготвеност да стори сè што е можно за да го олесни наоѓањето договорено решение за иранската нуклеарна програма – се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Кремљ.

Путин и Нетанјаху разговараа за различни аспекти на напнатата ситуација на Блискиот Исток.

– Руската страна ја потврди својата непоколеблива позиција во корист на исклучиво мирно решавање на проблемите и конфликтите што постојат во регионот – се нагласува во соопштението.

Се додава дека рускиот лидер особено ја нагласил важноста од поддршка на единството, суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија и зајакнување на нејзината внатрешна политичка стабилност преку почитување на легитимните права и интереси на сите етнички и религиозни групи на населението.

Лидерите се согласија да го продолжат дијалогот за актуелните прашања на меѓународната и билатералната агенда.

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека не знае дали ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и дека во моментов не е особено заинтересиран“ за контакти со него.

– Не знам. Веќе не сум особено заинтересиран да разговарам со него – рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху под сè поголем притисок, израелските војници одбиваат наредби

А1он

Разговараа Путин и Нетанјаху, Газа не била тема

Катерина Ѓуровски

Нетанјаху: Мора да дозволиме помошта да стигне до Газа

Жена од Израел планирала атентат врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Нетанјаху заврши на инфузија поради труење со храна

А1он

Помошник на Нетанјаху обвинет за издавање на доверливи воени информации