Неколку лица загинаа, а најмалку тројца се повредени во железничка несреќа во Германија

Од:

Неколку лица загинаа, а најмалку тројца се повредени во железничка несреќа што се случи денес во германската покраина Баден-Виртемберг, јавува германската новинска агенција ДПА, повикувајќи се на безбедносни извори.

Несреќата се случила околу 18:10 часот во близина на градот Ридлинген, во округот Биберах, кога регионален патнички воз на Германските федерални железници излетал од шините, според германскиот Билд.

Според полицијата, два вагона целосно излетале од шините, а во моментот на несреќата во возот имало околу 100 патници.

Би можело да ве интересира

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

Кина ги престигна САД

Лидерката на германската десница: Мирот во Европа е можен само со Русија, Британците се виновни за крвопролевањето

Мерц: Нема да дозволиме AfD да ни ја уништи земјата