Сѐ уште е активен пожарот во селото Нерав, и АРМ ќе се вклучи во гасењето

Од:

Пожарот во кривопаланечкото село Нерав сѐуште е активен, на терен се повеќе екипи на територијалните противпожарни единици од Крива Паланка и Ранковце, припадници на МВР, на ЈП “Македонски шуми”- подрачно шумско стопанство Осогово, помагаат и мештаните, се на помош ќе пристигнат и припадници на АРМ, информира командирот на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, Иле Коцевски.

Според првичните проценки, опожарена е површина од околу сто хектари борова шума.

– Непристапниот терен и ветерот се главната причина што речиси и по триесет часа откако избувнал пожарот,да не можеме да го локализираме. Денес моравме да евакуираме и население и стока за да ги спасиме, за среќа спречивме ширењето да се направи кон куќите, но во овој пожар во повеќе наврати животите на пожарникарите,на моите колеги и на другите вклучени во гасењето, беа во опасност поради неконтролирано ширење и префрлање на пламените јазици. За жал дождот го заобиколи селото и не беше баш сојузник, така што, сѐуште сме на терен и очекуваме во секој момент да пристигнат и армиските сили за помош во справувањето со огнената стихија, изјави во телефонски разговор командирот на ТППЕ Крива Паланка, Коцевски.

Пожарот избувнал вчера околу пладне, а во ТППЕ Крива Паланка е пријавен во 14 часот.

Во текот на вчерашниот ден и ноќта пожарот активно го гаселе пожарникарите од Крива Паланка и Ранковце, Противпожарна единица од Трговиште, Србија, екипи од јавното претпријатие „Македонски шуми“ – Подрачно шумско стопанство “Осогово”,Крива Паланка и локално население од селата Нерав и Трговиште.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица загинаа во пожар во трговски центар во Техеран

(ВИДЕО) Голем пожар во Дубаи, гори зграда во изградба

Пожарот во Визбегово се уште е активен

Пожар во Визбегово, интервенираат скопските пожарникари

Катерина Ѓуровски

Голем пожар во Романија: Изгореа 32 домови, 300 жители се експресно евакиурани

Горан Наумовски

Пожар зафати 5.000 хектари шума, изгореа 50 куќи