СДСМ: Не глумете опозиција, објавете имиња или во спротивно сте соучесници во палењето

Од:

Додека ВМРО-ДПМНЕ глуми опозиција, иако веќе втора година се централна, а четири години локална власт, изгоре пола Македонија, велат од СДСМ.

„Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ нема одговор и се обидува да избега од одговорност за катастрофалното водење на државата, вината се обидуваат да ја префрлат на опозицијата.

Каде е Наум Стоилковски со репортажи во живо да каже дека гори на 20 локации? Можеби треба да излезе да ја обвини СДСМ и сега откако е удобно на власт. Би сакале да ги потсетиме во ВМРО-ДПМНЕ дека лицето за кое зборуваат дека ја уништило способноста за противпожарна заштита е во коалиција со Христијан Мицкоски, поставен како директор на Дирекцијата за заштита и спасување со зголемена плата за 30% потпишана токму од Христијан Мицкоски.

На лицето Стојанче Ангелов во последните две години му изгоре површина како што вкупно во 30 години нема изгорено. Што се однесува до смешните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои глумат опозиција, ги повикуваме веднаш и неодложно, јавно да ги објават имињата на сите оние кои подметнувале пожари. Секое одбивање да се објават имињата на потпалувачите ќе го сметаме за соучесништво на ДПМНЕ во потпалувањето на пожари и смислено сценарио за одвлекување на јавноста од проблемите предизвикани од апсолутната неспособност на оваа Влада, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ