Активни се 14 пожари, четири се под контрола

Од:

На територијата на државата се евидентирани вкупно 22 пожари. Од нив 14 се активни, четири се под контрола, и исто толку се изгаснати.

Активни се пожарите во:
1. Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки, ниска вегетација);
2. Општина Прилеп 1 – с. Бешиште, Бешишки Рид, крак према с. Градешница и границата со Р. Грција (мешана шума);
3. Општина Прилеп 2 – активен кракот кон с. Дрен, проширен кон с. Галиште (Кавадарци), додека делот помеѓу Царевиќ и Смолани е под контрола (мешана шума и ниска вегетација);
4. Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки, ниска вегетација);
5. Општина Желино – меѓу с. Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума);
6. Општина Струмица – с. Баница и нас. Софилар (висока трева);
7. Општина Петровец – с. Средно Коњаре, кај реката Пчиња (ниска вегетација и ниска шума);
8. Општина Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума);
9. Општина Старо Нагоричане и Куманово – с. Облавце кон с. Бењаковце (ниска вегетација);
10. Општина Старо Нагоричане 2 – с. Руѓинце (ниска вегетација);
11. Општина Куманово – нас. Бедиње (ниска вегетација);
12. Општина Гази Баба – с. Трубарево (ниска вегетација);
13. Општина Зелениково – с. Гумалево (ниска и мешана вегетација);
14. Општина Василево 2 – с. Сушево (ниска вегетација);

Под контрола се пожарите во:

1. Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева);
2. Македонски Брод 2 – с. Латово (ниска вегетација и деградирана шума);
3. Карбинци – с. Јунузлија (шума);
4. Штип – помеѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева);

Изгаснати се пожарите во:

1. Струмица – м.в. Три Води (ниска вегетација и мешана шума);
2. Василево – с. Василево (ниска вегетација);
3. Струга – с. Калишта (ниска вегетација и ѓубриште);
4. Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна (дива депонија)

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он