Камбоџа го прифати предлогот на Малезија за прекин на огнот

Од:

Камбоџанскиот премиер Хун Манет објави дека неговата земја го прифаќа предлогот за прекин на огнот предложен од малезискиот премиер Анвар Ибрахим по граничните судири меѓу Камбоџа и Тајланд.

Хун Манет сподели информации на Фејсбук за телефонскиот повик што го имал со Анвар откако избувнале судирите на тајландската граница.

Наведувајќи дека Анвар ги повикал двете страни веднаш да прекинат со огнот, Хун Манет нагласи дека неговата земја го прифаќа предлогот на Малезија.

Тој исто така изјави дека Анвар разговарал и со актуелниот тајландски премиер Фумтам Вечајачаи, и дека тој му кажал дека и Тајланд се согласил на прекин на огнот.

Од друга страна, Хун Манет тврди дека Тајланд, како дел од договорот за прекин на огнот предложен од Анвар, го напуштил претходно договорениот датум и време за прекин на нападите и предложил нов, подоцнежен датум.

„Патот до решението на сегашниот вооружен конфликт меѓу Тајланд и Камбоџа лежи во подготвеноста на Тајланд да прифати прекин на огнот“, рече Хун Манет.

За потсетување, Анвар во четврток објави дека разговарал со Хун Манет и Вечајачаи и дека двете страни покажале позитивни сигнали и отвореност за разгледување на предлогот за прекин на огнот.

Тајланд и Камбоџа, кои делат граница долга 817 километри во Југоисточна Азија, долго време имаат територијални спорови.

Поради наводното кршење на договорот за границата, на 28 мај се случи краткотраен вооружен конфликт, по што двете армии се согласија мирно да го решат спорот.

Тајланд потоа објави дека сите гранични контролни пунктови кон Камбоџа ќе бидат под надзор на властите од Бангкок.

Сепак, по речиси два месеци мир, вчера повторно избувнаа судири, при што загина едно лице во Камбоџа и 14 во Тајланд. Двете земји објавија дека евакуирале илјадници луѓе од пограничните области.

Тајланд и Камбоџа се обвинуваат меѓусебно дека ги испукале првите истрели.

Би можело да ве интересира

Конфликтот меѓу Тајланд и Камбоџа продолжува, 30 мртви, 130.000 раселени

ВИДЕО: Конфликтот со Комбоџа може да прерасне во отворена војна, предупредува Тајланд

Катерина Ѓуровски

Тајландска армија: Девет цивили убиени во судир со Камбоџа, вклучувајќи и едно момче

Најмалку 15 студенти загинаа во сообраќајна несреќа во Малезија