Продолжува потрагата по 16-годишното девојче во Вардар, вклучени и армиските „Волци“

Од:

Продолжува претрагата по 16-годишното девојче кое вчера поладне беше приавено дека исчезнало во водите на реката Вардар.

– Од рано изутрина, на лице место се ангажирани припадници на МВР, специјалната единица на Армијата „Волци“, како и припадници од Полициската станица Велес, со цел продолжување на потрагата. Акцијата се одвива во координација и со зголемено присуство на терен, информираат од Центарот за управување со кризи.

Случајот беше пријавен вчера попладне од сестрата на исчезнатото девојче. Спасувачито набрзо по пријавата ја пронајдоа 26-годишната девојка за која исто така беше пријавено дека потонала во реката.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека синоќа потрагата била привремено прекината поради небезбедни услови за претрага во ноќни услови.

– Дежурниот оперативен центар на ЦУК беше известен дека екипите се повлекуваат поради немање минимум соодветни услови за безбедна претрага во текот на ноќта. Рано утрово, тимовите продолжија со активностите со взаемна координација и максимален ангажман – изјавија од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Исчезна девојче во водите на Вардар

А1он

Исчезна 9 годишно девојче во Њујорк, последен пат е видено во бело комбе

А1он

Татко и ќерка повредени откако излетаа со автомобил во Вардар кај Челопек

Катерина Ѓуровски

Зголемено ниво на Вардар, Треска, Пчиња и на Црна Река

60 пожари на отворено во викендот, ЦУК апелира да не се палат стрништа

Катерина Ѓуровски

Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар

А1он