ЦУК: Активни се седум пожари, три се под контрола

Од:

Денеска се евидентирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, три се под контрола и два се изгаснати, извести ЦУК.

Активни се пожарите во:

1. Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид, крак кон с. Градешница (мешана шума)
3. Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)
4. Општина Македонски Брод 1 – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
5. Општина Македонски Брод 2 – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
6. Општина Македонски Брод 3 – с. Латово (мешана шума)
7. Општина Македонски Брод 4 – с. Црешнево (ниска вегетација)

Под контрола се пожарите во:

Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани, место викано Радобилски рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
Општина Македонски Брод – с. Латово, место викано Маркова Стапалка (грмушки и сува трева)
Општина Штип – с. Драгоево и с. Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева)

Изгаснати се пожарите во:

Општина Чучер Сандево – кај далеководите (мешана шума)
Општина Куманово – с. Речица (ниска вегетација)

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници