Лефков ги демантира пишувањата на медиуми во Бугарија дека повеќе членови од неговото семејство поседуваат бугарски пасоши

Од:

Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ од Кочани, Миле Лефков ги демантира пишувањата на медиуми во Бугарија дека, наводно, повеќе членови од неговото семејство поседуваат бугарски пасоши.

-Во изминатите денови, откако алармирав за сериозна хибридна закана која доаѓа од Бугарија, сведоци сме токму на она за што предупредував – координирани напади, клевети и обиди за лична дискредитација преку лажни вести, изјави Лефков.

Според него, дел од бугарските медиуми, поддржани од домашни политички сојузници, тргнале со невидена кампања – не против неговите ставови, туку против неговото семејство.

-Тврдењата дека сум „единствен Македонец“ во фамилијата, дека брат ми и сите мои братучеди се Бугари, се апсурдни и злонамерни, со цел да ме замолчат и да ја изместат суштината на моите јавни настапи, рече Лефков.

Тој посочува дека за него е неприфатливо неговото семејство да биде користено во политички цели „од единствена причина што зборува вистини“.

-Јас сум пратеник, јас сум носител на јавна функција и јас одговарам за моите ставови – не моето семејство, не моите роднини. Не прифаќам фамилијата да ми биде влечена низ политичката кал, само затоа што зборувам вистини што не им одат во прилог на некои центри на моќ, истакна Лефков.

Уште еднаш посочи дека станува збор за хибридна операција против секој кој зборува за националниот суверенитет.

-Оние што велеа дека моите прес-конференции се „параноја“ денес молчат – бидејќи вистината се покажа. Хибридната операција е веќе во тек, и нејзиниот главен таргет не сум само јас, туку секој кој гласно ќе зборува за националниот суверенитет и достоинството на македонската држава, категоричен е пратеникот во републикото Собрание, Миле Лефков.

Би можело да ве интересира

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Левица со задоцнета загриженост-каде беше кога СДС го пустошеше ЕСМ?

Стојаноски: Собранието ќе донесе закони за зголемување на животниот стандард на студентите и пензионерите

(ВИДЕО) Лефков: Братот на Заев и љубави на Стево, Бојко Борисов се пофали дека го избришал идентитетот и јазикот

ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад нападот на јазикот и идентитетот стојат СДС и Филипче, со оглед на јавно изразената блискост на Бојко Борисов со СДС

Горан Наумовски