(ВИДЕО) Талески: Одбиени сите амандмани на СДСМ, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ заложници на Тошковски за партиска милиција

Од:

На денешната седница на собраниската комисија, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги одбија сите амандмани поднесени од страна на СДСМ на измените на скандалозниот Закон за полиција и Закон за внатрешни работи. Со ова, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не само што гласаа за партизација на полицијата, туку станаа соучесници врз растурањето на најважниот дел од безбедниот систем, полицијата и Министерството за внатрешни работи, рече Миле Талески – пратеник на СДСМ.

– Ударот што врз полицијата и професионалците во полиција го спрема Тошковски е удар и врз безбедноста на граѓаните и врз демократскиот поредок на земјата.
Амандманите на СДСМ се однесуваа на задржување на кариерниот систем, професионалноста и институционалниот интегрирет на полициската униформа. Затоа што намерата на Тошковски е целосна демонтажа на функционалната структура на полицијата и создавање партиска милиција под негова контрола.

Баравме соодветна класификација на работните места во МВР, за да српечиме хаотично и селективно вработување само по партиски клуч. Баравме задржување на регионалните гранични центри за да ја сочуваме безбедноста на границите и да не дозволиме мигранти во иднина. СДСМ преку конкретни и разумни амандмани вложи напор да се задржи професионалноста и функционалноста на МВР. Но ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите наши предлози – свесно, по налог, со политичка цел. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го следеа партискиот интерес наместо интересот на граѓаните и на државата.

Забораваат дека на овој начин стануваат и тие заложници и идни жртви на Тошковски по рецептот на Никола Груевски. Како во времето на Груевски, и сега се воспоставува систем на контрола, притисок и уцени. Никој нема да биде поштеден – секој што нема да слуша ќе биде таргетиран. Ова е директен удар врз професионализмот и деполитизацијата на полицијата за која сите се боревме години наназад. Очигледно по секоја цена Тошковски сака полиција за заштита на мафијата на власт. Граѓаните веќе видоа што значи полициски систем под команда на партија – злоупотреби, прислушувања, тортура, заплашувања. Тоа време никогаш повеќе не смее да се врати. Ги повикуваме сите слободоумни граѓани, невладини организации, меѓународни претставници да го кренат својот глас против создавањето партиска милиција, против ова рушење на еден од столбовите на демократијата. СДСМ и понатаму ќе се спротивставува на секој обид за назадување, за враќање во режим. Ќе се бориме за професионална, транспарентна и деполитизирана полиција – онаква каква што им треба на граѓаните и државата. СДСМ останува на страна на правдата, редот и граѓаните, рече Талески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ

(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите

СДСМ: Лефков нека се скрие во дупка, се брука и себе и ДПМНЕ

СДСМ: Владата им подготвува историска имама на пензионерите

(ВИДЕО) Димитриевски: ВМРО-ДПМНЕ ги излажа земјоделците, намалени субвенциите за прв пат во историјата

Стојановска: Битиќи и СДС молчат и не се извинуваат