Палестинските фракции тврдат: Во Газа се спроведува систематски геноцид

Од:

Палестинските фракции, вклучувајќи ги Хамас, Исламски џихад и неколку други политички и вооружени групи, изјавија дека со длабока загриженост ја следат сè полошата хуманитарна ситуација во Појасот Газа, која ја опишаа како „систематски геноцид“ преку гладување, бомбардирање и блокада.

Во заедничка изјава објавена од Ал Џезира, фракциите ја обвинија израелската влада дека води тотална војна со поддршка на САД и молчењето на европските и меѓународните институции, со цел да се скрши волјата на палестинскиот народ.

„Израелските дејствија во Газа претставуваат воено злосторство според меѓународното право и ги надминуваат сите претходни злосторства во бруталноста“, се вели во соопштението, објави Танјуг.

Палестинските организации повикаа на меѓународна одговорност за политиката на опсада и гладување, наведувајќи дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата влада треба да бидат одговорни.

Тие, исто така, ги осудија САД за она што го нарекоа „овозможување агресија“ со тоа што не извршија притисок врз Израел да ги прекине операциите.

Во соопштението се повикува палестинската дијаспора, како и арапските и исламските држави, да се мобилизираат политички и медиумски за, како што се вели, „да го спречат геноцидот и да ја прекинат опсадата на Газа“.

Би можело да ве интересира

Таен извештај на САД: Израелските војници извршија стотици можни кршења на човековите права во Газа

Јордан: Меѓународните трупи нема да се обидуваат да наметнат мир во Газа

Израел доби одобрение да напаѓа цели на Хамас од својата страна на „Жолтата линија“

Нема мир во Газа, за 24 часа загина над 100 луѓе

Израел ги прими останките на двајца заложници

Google и Amazon имаат таен договор со Израел за користење код за предупредување

Катерина Ѓуровски