Пиштол и муниција најдени во домот на скопјанец

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело- Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Врз основа на судска наредба обезбедена од јавниот обвинител, полициски службеници вчера извршија претрес во домот на осомничениот 23-годишник во Скопје.

При претресот беше пронајден еден полуавтоматски пиштол и вкупно 51 куршум со калибар 9ммPara, како и рамки и други додатоци за оружјето кое го поседувал без дозвола.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје утрово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото доколку се брани од слобода.

Би можело да ве интересира

Шестооделенец со лисици врзал соучесник и му вперил пластичен пиштол

Маж од Арачиново со пиштол им се заканувал на вработени во ЕВН Македонија

Полицаец случајно испукал еден куршум од службениот пиштол и се повредил

Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште

А1он

Кривична пријава за таткото на петнаесетгодишникот што управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје

А1он

Петнаесетгодишник управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје, поведена истрага против таткото