Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство официјално ја започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”, која има за цел да го зајакне домашното земјоделско производство и да ја подигне свеста за квалитетот на македонските земјоделски производи.

Како што соошпшти Министерството, главни цели на кампањата „Македонско Најдобро” се: зголемување и зајакнување на домашното земјоделско производство; обезбедување просперитет на руралните средини; подигнување на свеста за квалитетот, автентичноста и значењето на домашните производи; обезбедување полесен пристап на граѓаните до домашните земјоделски производи и преработки од истите.

-Изработена е дигитална платформа makedonskonajdobro.mk преку која се овозможува: за земјоделците: Регистрација и промоција на свежи земјоделски производи; за преработувачите: Презентација на автентични македонски преработки; за продажните центри: Регистрација на геолокации на продажни места, стои во соопштението.

Оттаму додаваат дека платформата содржи интерактивна мапа „Каде да купам” која преку автоматска геолокација им помага на граѓаните да ги пронајдат најблиските продажни места за домашни земјоделски производи и преработки, со можност за филтрирање по категорија или специфичен производ.

Најавуваат дека во скоро време ќе се објави и посебна мобилна апликација која ќе овозможи уште полесен пристап до информации за домашните земјоделски производи и преработки.

-Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува сите заинтересирани земјоделци, преработувачи и продажни центри да се регистрираат на платформата makedonskonajdobro.mk и да станат дел од оваа значајна иницијатива. Со избирање на македонски производ, не избираме само храна или продукт – туку директно инвестираме во нашата економија, создаваме нови работни места и ја зајакнуваме стабилноста на нашата земја, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Со 10 денари за откуп на пченица ВМРО-ДПМНЕ го закопа македонското земјоделство

А1он

СДСМ: Колапс во ЕСМ – ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ: Кампања „Македонско најдобро“ за купување домашни производи, Владата предводена со конкретни мерки и проекти го поттикнува македонското производство

АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање

„Македонско најдобро“ кампања на Министерството за земјоделство за зајакнување и зголемување на домашното производство

Италија започна да си ја истражува земјата за минерали, македонските геолози велат дека во тоа лежи енергетската иднина