Четири активни пожари, изгаснати 27

Од:

Скопје, 19 јули 2025 (МИА) – Во изминатото деноноќие изгаснати се 27 пожари на отворен простор, а четири се ставени под контрола. Активни пожари има во село Нивичино, општина Василево, во село Грешница, општина Македонски Брод, меѓу прилепските села Царевиќ и Смолани и во село Виштица, општина Липково.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е ставен пожарот во општина Велес, кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци, во село Николиќ, општина Дојран, во општина Демир Хисар, кај градската депонија и во општина Македонски Брод, кај селата Црешнево, Локвица и Крапа.

По три пожари се изгаснати во општините Ранковце и Куманово, а два во општина Липково. Изгаснати се пожарите и во општините Старо Нагоричане, Кратово, Јегуновце, Теарце, Тетово, Свети Николе, Битола, Карбинци, Штип, Делчево, Росоман…

Во општина Аеродром изгаснат е пожарот на улица „Гаврил Константиновиќ“, каде гореше ниска вегетација, во општина Гази Баба – кај стрелиште Камник, во општина Сарај – крај Вардар, а во општина Бутел – населба Визбегово. Во општина Ѓорче Петров се изгаснати два пожара, на влезот во населбата Ѓорче Петров и на улица „Васил Чакаларов, во општина Илинден, кај индустриската зона.

Би можело да ве интересира

Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари

Прва координативна седница на Главниот штаб за управување со кризи за справување со пожарите

A1on

Јаневска: Одговорност мора да има и за родителите за случајот со врсничко насилство

Предраг Петровиќ

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите