ВМРО-ДПМНЕ: Кампања „Македонско најдобро“ за купување домашни производи, Владата предводена со конкретни мерки и проекти го поттикнува македонското производство

Од:

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатата година покажува вистинска грижа за земјоделците. Реформите и проектите суштински ги решаваат најесенцијалните проблеми и предизвици со кои се соочуваат земјоделците.

По неколку години на застој и уназадување на државата од владеењето на СДС и ДУИ од темел ги менуваме работите.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ја започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост“. Кампањата „Македонско Најдобро“ ќе биде препознатлива по специфично лого кое преку сонцето и почвата не потсетува дека ги имаме сите предуслови за да имаме домашни, квалитетни земјоделски производи.

Примарна цел е да се зголеми и зајакне домашното земјоделско производство, да се обезбеди просперитет на руралните средини, да се подигне свеста за квалитетот, автентичноста и значењето на домашните производи и преработки од истите, како и да се обезбеди полесен пристап на нашите сограѓани до домашните земјоделски производи.

Во изминатиот период додека е Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ расте извозот на земјоделски производи, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Споредувајќи ги првите пет месеци од 2024 година со првите пет месеци од 2025 година во делот на извозот бележиме раст над 50 проценти. Во апсолутна бројка тоа е околу 57 милиони евра што е сериозен раст.

Растот на извозот на земјоделски производи покажува дека македонското земјоделство се движи во вистинска насока а проектите даваат резултати.

Македонија извезува повеќе храна од порано. Очекуваме овој тренд да продолжи и Македонија во период од неколку години од увозно зависна земја да стане држава извозник на храна.

Владините мерки во секторот земјоделие даваат резултати. Земјоделците конечно имаат партнер во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ја враќаме гордоста кај македонскиот земјоделец. Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Колапс во ЕСМ – ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”

СДСМ: Власта да не си игра со безбедноста на македонското небо, бараме поништување на срамниот оглас во М-НАВ

Предраг Петровиќ

АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање

Информациите дека наводно Мицкоски барал бугарски пасош се производ на бугарската пропаганда, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Радикални структури се обидуваат да предизвикаат вештачки конфликти со симболите на државноста и борбата, вели Мицевски