Горат пожари во Василево, Македонски Брод, Прилеп, Липково, Битола…

Од:

Денеска до 18.30 часот се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор низ земјата. Од нив осум се активни, пет се под контрола и 12 се изгаснати.

Активни се пожарите во:

Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума)
Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација)
Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани (мешана шума и ниска вегетација)
Прилеп/Кавадарци – с. Никодин, с. Ракле, с. Фариш (ниска вегетација и ретка шума)
Липково – с. Виштица (ниска вегетација и стрниште)
Битола – населба Довлеџик, реактивиран (ниска вегетација)
Росоман – с. Трстеник (напуштени ниви)
Илинден – Индустриска зона Илинден (ниска вегетација, слама и објект)

Под контрола се пожарите во:

Велес – кај с. Џидимирци, с. Крушје и с. Иванковци (мешана шума)
Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума)
Демир Хисар – градска депонија
Македонски Брод – с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа (дабова шума и ниска вегетација)
Делчево – с. Стар Истевник (борова шума)

Изгаснати се пожарите во:

Ранковце – м.в. Иваница
Ранковце – м.в. Десетак
Ранковце – с. Ранковце, м.в. Коп
Куманово – с. Четирце
Куманово – с. Пчиња
Јагуновце – с. Јагуновце
Свети Николе – м.в. Кантонче
Битола – населба Довлеџик
Карбинци – с. Долни Балван
Штип – градска депонија
Аеродром – ул. Гаврил Константиновиќ
Гази Баба – стрелиште Камник

Би можело да ве интересира

Догорче од цигара причина за пожарот во ГОБ „8 Септември“, нема повредени

Пожар во болницата „8 Септември“ во Скопје, пациентите се евакуираат

Горан Наумовски

Пожар во подземниот паркинг на КАМ мол во Ѓорче Петров, евакуирани посетителите

Горан Наумовски

Изгорен стан во Белград, во ходникот пронајдено тело на 55 годишник

А1он

Двајца пожарникари загинаа додека гасеа пожар во близина на Атина

Нема повредени при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место