„Flora Imaginarium“ изложба на македонскиот уметник и графички дизајнер Зоран Кардула

Од:

Изложбата „Flora Imaginarium“ на македонскиот уметник и графички дизајнер Зоран Кардула вечер, во 20 часот, ќе биде отворена во фоајето на Националната опера и балет (НОБ).

Оваа изложба е резултат на двегодишна работа на проект поврзан со еден македонски бренд, при што Кардула создаде серија уникатни дела инспирирани од флората, фантазијата и визуелниот јазик на маркетингот.

Делата на Кардула се карактеризираат со експресивни бои, стилизирани органски форми и суптилен наратив кој го истражува односот меѓу човекот, екологијата и потрошувачкото општество.

Познат по своите поп-арт и конструктивистички естетики, Кардула овој пат ги комбинира елементите на илустрација, графички дизајн и визуелна поезија. Изложбата се состои од повеќе дизајнирани постери, дигитални колажи и експериментални графички композиции кои ја прикажуваат флората како визуелна симфонија, но и како форма на тивка критика.

Кардула е еден од најистакнатите македонски уметници и дизајнери, чија работа е препознаена и надвор од границите на земјата. Добитник е на повеќе меѓународни признанија, а неговите дела се изложувани во САД, Италија и ширум Балканот. Познат е по редизајнот на југословенските филмски плакати, соработките со брендови како Swatch и Swarovski, како и по неговиот автентичен пристап кон визуелниот идентитет.

Би можело да ве интересира

По Материјата-заедничка изложба на наши и уметници од Грција и Албанија

Уметниците Фидановски и Митевска на меѓународната изожба во Братислава

„Нурни во мене“ – самостојната изложба на Сашо Блажес

Киро Урдин со самостојна изложба во Брисел

А1он

Од денес до 3-ти март во младински центар „Матично“ изложба на студентски трудови за нова општинска зграда

Со изложбата „Ликовни блесоци“ започна одбележувањето на Денот на независноста во Кабинетот на Претседателот

А1он