Кирјос: Го мразев Надал!

Од:

Рафаел Надал ја одбележа историјата на тенисот, поради што многумина го сметаат за еден од најдобрите на сите времиња.

Помина повеќе од една година откако Шпанецот одлучи да се пензионира, но наскоро би можел да се врати на АТП турнејата. Точно, тој нема да биде играч, но би можел да ја добие улогата на професионален советник во тимот на Александар Зверев.

Бидејќи е познат како еден од најдобрите тенисери на сите времиња, малкумина се играчите што имаат позитивен резултат против Рафаел Надал.

Ниту Ник Кирјос, иако Австралијанецот го победи на Вимблдон во 2014 година. Контроверзниот тенисер се појавува сè помалку на теренот поради честите повреди, но е исклучително активен во медиумите, а сега проговори и за својот однос со Надал.

Бидејќи Кирјос нема влакна на јазикот“, малкумина беа изненадени по неговото признание дека го мрази Рафаел Надал поради неговиот стил на игра.

– Никогаш не можев да го поднесам Надал. Го мразев и презирав секогаш кога го видов наоколу. Тој беше еден од момците што ме мотивираа. Не можам да ги поднесам играчите што прават предолги паузи помеѓу првиот и вториот сервис – рече Кирјос.

За време на неговата кариера, Австралиецот успеа да го победи Надал трипати, додека тој беше поразен шестпати. Неговото лошо мислење за Шпанецот датира од неговата рана младост, бидејќи се нервираше што сите го гледаа Рафа како идол.

– Кога играв против Рафа, секогаш се обидував да играм најдобро што можам. Не чувствував таков гнев кога играв против Федерер или Ѓоковиќ. Кога бев млад, во академијата каде што тренирав, сите го правеа идол, и затоа не можев да го поднесам. Сакав да им покажам на луѓето дека можам да бидам кул и да ги победам сите – подвлече Кирјос.

Би можело да ве интересира

Надал ја доби титулата маркиз

А1он

Избрани 20 најдобри тенисери на сите времиња

А1он

(ВИДЕО) Надал официјално се збогуваше со Ролан Гарос: Ништо не би било исто без соперништвото со Енди, Новак и Роџер

А1он

Надал: Синер и Алкараз ќе ја надминат „големата тројка“

А1он

Надал одговори на вечното прашање: Кој е најдобриот од големата тројка?

А1он

Кирјос за казната за Синер: „Нема правда…“