Надал потврди: „Дефинитивно повторно ќе играм“

Од:

Пред неколку дена, Рафаел Надал (40) ја прослави десетгодишнината од својата академија, а по тој повод одигра неколку скратени мечеви на егзибициски настан на кој присуствуваа Енди Мареј, Карлос Моја, Марат Сафин, Ришар Гаске, Фабио Фоњини, Доминик Тим и Давид Ферер.

Потоа, тој зборуваше за својата желба да продолжи да игра.

– Сигурен сум дека повторно ќе играм на егзибициски мечеви. Тоа го сакам – изјави Надал за „Л’Екип“, а потоа продолжи:

– Вистина е дека сè уште чувствувам блага болка секој ден, исто така е вистина дека имав операција и морав да вградам мала протеза во раката – тоа не е пријатно, но морав да го направам. Но, вистина е и дека силната болка што долго време ме мачеше целосно исчезна, а тоа имаше многу позитивно влијание врз мојата ментална состојба. Психолошки се чувствувам подобро, имам помалку проблеми од порано и повеќе уживам во животот. Сето тоа е многу важно – рече Рафа.

Би можело да ве интересира

Надал: Треба да бидеме среќни што Ѓоковиќ сè уште игра на највисоко ниво

А1он

Рафаел Надал стана татко по втор пат

А1он

Кирјос: Го мразев Надал!

А1он

Надал ја доби титулата маркиз

А1он

Избрани 20 најдобри тенисери на сите времиња

А1он

(ВИДЕО) Надал официјално се збогуваше со Ролан Гарос: Ништо не би било исто без соперништвото со Енди, Новак и Роџер

А1он