(ВИДЕО) Манасиевски: СДС се очајни, немаат кандидат за Скопје, молат луѓе да се кандидираат

Од:

СДС се очајни, немаат кандидат за Град Скопје, по цел ден молат луѓе да се кандидираат. Во СДС владее вистинска паника затоа што немаат кандидат за градоначалник на градот Скопје, а немаат затоа што кој и да биде ќе изгуби уште во првиот круг, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во СДС знаат дека поразот во октомври ќе им биде најголем досега, и ќе имаат најмалку освоени гласови во Скопје во историјата. Сите анкети кои ги имаат и тие самите укажуваат на пораз за СДС во однос 5:1. СДС и Венко Филипче ги очекува огромен дебакал. И тие немаат како да избегаат од тоа. Скопје го знае СДС по неработа, мрзеливост и криминал. Со СДС градот стагнира, и затоа е толку очајно мал рејтингот на СДС во Скопје, а исто толку е очаен и рејтингот на било кој нивен кандидат за градоначалник. Битката и маката на Венко Филипче е кого ќе успее да убеди да биде носител на поразот, рече Манасиевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра