Објавени имињата и досиејата на 11 „кодоши“

Од:

Комисијата за верификација на фактите, согласно со новиот закон, на својата веб страница ги објави имињата и досијеата на 11 лица за кои утврди дека биле кодоши.

Објавени се имињата на Слободан Угриновски (член на Советот на Град Скопје и лидер на партијата Титови леви сили), Вангел Гагачев (поранешен судија во Врховниот суд), Николче Бабовски (кандидат за пратеник во Собранието на РМ), Сејфедин Харуни (пореанешен пратеник во Собранието на РМ), Владимир Милчин (декан на Факултетот за драмски уметности), Шабан Шеху (советник во Владата на РМ), Јорданчо Чеврески (член на Советот на МРТ и декан на Факултетот за драмски уметности), Махи Несими (амбасадор на РМ), Фаредин Мифтари (заменик-директор на КПУ Затвор Скопје), Зоран Јовановски (член на Совет на општина Росоман), Коста Балабанов (член на Совет на Музеј на Македонија).

Ова повторно ја вжешти атмосферата и ги подели членовите на Комисијата.

Едни сметаат дека со јавното објавување се кршат Уставот и правото на приватност на лицето прогласено за соработник.

Претседателот на Комисијата Томе Аџиев и некои сметаат дека според законот , кодошите мора јавно да се објават.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска