ВМРО ДПМНЕ: Владата привлекува странски инвестиции и отвора нови работни места

Од:

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата, инвестицијата која беше најавена уште вториот ден од изборот на Владата го постави камен темелникот. Со поставување на камен темелник започна изградбата на ветерниот парк во близина на Штип со инвестиција од 500 милиони долари на „Алказар енерџи“ ќе се изградат 55 ветерници кои ќе произведуваат струја за 100.000 домаќинства, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа инвестиција има огромна важност за државата како и развојот на економијата и создавање конкурентност на македонската индустрија на европскиот пазар. Инвестицијата на ”Алказар енерџи” има директен и индиректен импакт во економијата. Прво тоа што ќе се произведе и продаде директно ќе влегува во БДП. А индиректно придобивки ќе имаат не само трите општини кои гравитираат на чија територија е ветерниот парк туку и во годините што следуваат придонес во развојот на стопанството, индустријата, енергетиката.

Оваа инвестиција ја зголемува енергетската независност на државата, ги зајакнува националните енергетски капацитети и придонесува кон исполнување на зелената транзиција на државата. Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ продолжува со привлекување на странски инвестиции, отворање на нови работни места, како и инвестиции во енергетиката со цел стабилен и независен енергетски сектор“, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните