Ал-Шара: Заштитата на Друзите е приоритет за сириските власти

Од:

Заштитата на Друзите во Сирија и нивните права е приоритет за сириските власти, изјави денес сирискиот привремен претседател Ахмед ал-Шара.

Тој им се обрати на граѓаните по вчерашните израелски напади врз јужна Сирија и воздушните напади врз Дамаск, нагласувајќи дека отфрла секаков обид за влечење на Сирија во војна, пренесува Ројтерс.

„Ние не сме меѓу оние кои се плашат од војна. Цел живот се соочувавме со предизвици и го браневме нашиот народ, но ги ставивме интересите на сирискиот народ пред хаосот и уништувањето“, рече ал-Шара.

Тој додаде дека сирискиот народ не се плаши од војна и е подготвен да се бори ако му е загрозено достоинството.

Во конфликтот во јужна Сирија, Израел вчера нападна неколку цели во Дамаск, вклучувајќи ја и зградата на Министерството за одбрана, а според сириското Министерство за здравство, три лица беа убиени, а 34 беа ранети.

Друзите претходно три пати се согласија на прекин на огнот, но секој пат брзо го прекршуваа и ги продолжуваа борбите во градот Свеида, каде што мнозинството од населението се Друзи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Драматична ескалација во Сирија, експлозии во Дамаск

Масакар во Сирија, најмалку 30 убиени, над 100 се повредени

Нападната американска база во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ѓулер: Турција нема да ги повлече своите трупи од Сирија

Едно лице загина во израелски ракетен напад врз Сирија

Израел ја бомбардираше Сирија, има загинати и повредени