Вечерва 21 пожар на отворен простор ширум Македонија

Од:

На територијата на државата денеска регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а 18 се изгаснати.

Активни се пожарите во:

Општина Велес – кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана шума)
Општина Македонски Брод – помеѓу с.Црешнево, с.Локвица, с.Крапа и с.Слатина (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)

Под контрола е пожарот во:

Општина Дојран – с.Николич (нискостеблеста шума)

Изгаснати се 18 пожари во:

Општина Чучер Сандево 1 – с.Горњани (нискостеблеста шума)
Општина Чучер Сандево 2 – над Црквата Св.Тројца кај с.Чучер (мешана шума)
Општина Гази Баба 1 – Смилковско Езеро (ѓубре)
Општина Гази Баба 2 – с.Раштак према с.Љуботен (ѓубре)
Општина Сарај 1 – с.Љубин (ѓубре)
Општина Сарај 2 – с.Крушопек према с.Лака (ѓубре)
Општина Кисела Вода – бул.Борис Трајковски (градежни материјали)
Општина Битола – населба Баир (ѓубре)
Општина Долнени 1 – с.Црнилиште (депонија)
Општина Долнени 2 – с.Слепче (ниска вегетација)
Општина Кичево – ул.Прилепска (дива депонија)
Општина Струга – с.Враништа (стрниште)
Општина Штип – Лакавички пат (нискостеблеста шума и ниска вегетација)
Општина Пробиштип – с.Петршино (ниска вегетација)
Општина Куманово 1 – с.Четирце (ниска вегетација)
Општина Куманово 2 – с.Пчиња (нискостеблести растенија и ниска вегетација)
Општина Кратово – с.Туралево (грмушки и ниска вегетација)
Општина Теарце – с.Слатино (ѓубре и ниска вегетација)

Би можело да ве интересира

Градоначалникот предупреди на загаден воздух по пожарот во Радовиш

(ВИДЕО) Пожар во Москва, гори позната туристичка атракција

Најмалку осум лица загинаа во пожар во трговски центар во Техеран

(ВИДЕО) Голем пожар во Дубаи, гори зграда во изградба

Пожарот во Визбегово се уште е активен

Пожар во Визбегово, интервенираат скопските пожарникари

Катерина Ѓуровски