Трамп: Путин зборува убави работи, а потоа навечер бомбардира сè

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе испрати ракети „Патриот“ во Украина, наведувајќи дека на Киев му се потребни за да се одбрани од Русија.

– Рускиот претседател Владимир Путин зборува убави работи, а потоа навечер бомбардира сè, рече Трамп, пренесуваат британските медиуми.

Тој не прецизираше колку ракети ќе бидат испратени во Украина, но истакна дека Европската Унија ќе ги надомести трошоците за ракетите.

-Ќе ги испратиме „патриотите“ што им се очајно потребни, бидејќи Путин изненади многу луѓе. Тој зборува убави работи, а потоа бомбардира. Постои еден мал проблем, а тоа е што не ми се допаѓаат такви работи. Во основа, ние испраќаме разни парчиња софистицирана воена опрема во Украина. Тие ќе ја платат целата цена за тоа, бидејќи така ни одговара, рече Трамп.

Зборувајќи за потенцијален договор за прекин на огнот во Појасот Газа, Трамп изрази надеж дека тоа ќе се случи оваа недела.

-Преговорите се во тек и се надевам дека ќе можеме да постигнеме договор до крајот на неделата, рече Трамп.

Американскиот претседател истакна дека разговарал со заменик-директорот на американското ФБИ, Ден Бонгино, за да го намали незадоволството на јавноста од тоа како Министерството за правда на САД го заврши случајот со обвинувањата против Џефри Епштајн и неговиот наводен список на клиенти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Потрага по убиецот на најпознатиот десничарски активист, Трамп е бесен поради „грозоморното убиство“

Катерина Ѓуровски

Чарли Кирк почина откако беше застрелан

ВИДЕО: Едно лице приведено по пукањето во Чарли Кирк: Се спротивстави на апсењето

Предраг Петровиќ

Соработникот на Трамп застрелан во вратот додека држеше говор

Предраг Петровиќ

Аналитичар: Беспилотните летала во Полска се дел од стратегијата на Путин за „сечење салама“

Трамп: Одлуката за напад врз Катар беше единствена одлука на Нетанјаху