ВИДЕО: Јаник Синер го освои Вимблдон

Од:

Јаник Синер го освои својот прв Вимблдон во кариерата. Во финалето, светскиот број еден го победи второпласираниот Шпанец Карлос Алкараз со 3-1 во сетови (4-6, 6-4, 6-4, 6-4). Ова е прва победа на Синер на Вимблдон и негов четврти Грен слем вкупно, откако двапати го освои Австралија Опен и еднаш УС Опен.

Синер со тоа ја прекина серијата од пет порази од Алкараз во меѓусебните мечеви. Сепак, Шпанецот доминира со осум победи во вкупно 13 меѓусебни дуели со Италијанецот.

Синер и Алкараз освоија осум од последните девет Гренд слем титули во поединечна конкуренција, а Новак Ѓоковиќ го освои УС Опен минатата година.

Би можело да ве интересира

Синер елиминиран во второто коло на Ролан Гарос

А1он

Карлос Алкараз го откажа настапот на Вимблдон

А1он

Синер го израмни рекордот на Ѓоковиќ по број на последователни победи на Мастерс турнирите

Јаник Синер го освои Мастерсот во Мадрид

Синер го урна Алкарас во Монте Карло и му го одзеде првото место на АТП листата

Алкарас го закажа првиот спектакл со Синер