Фицо: Русија воено доминира на територијата на Украина

Од:

Русија воено доминира на територијата на Украина и економски се зајакнува и покрај санкциите на Европската Унија, изјави премиерот на Словачка, Роберт Фицо.

Санкциите од 18-тиот пакет не влијаат на интересите на Словачка. Ја знаете мојата позиција – сметам дека е трагикомично што го усвојуваме 18-тиот пакет санкции, а ништо не се случува. Русија доминира во однос на војната и е економски посилна. Сепак, во ЕУ постои верување дека санкциите се корисни. Јас имам поинакво мислење“, рече Фицо.

На крајот на јуни, тој истакна дека санкциите против земја како Русија не ги даваат посакуваните резултати.

Тој веќе предупреди дека Словачка нема да го поддржи 18-тиот пакет санкции освен ако Европската комисија не понуди реално решение во врска со изворите на енергија.

Словачкиот министер за надворешни работи Јурај Бланар изјави во јуни дека неговата земја е подготвена да ги поддржи новите мерки, под услов тие да не ѝ наштетат на словачката економија, но побара гаранции и поддршка од ЕУ во врска со прекинот на увозот на руска енергија.

Фицо повтори дека останува посветен на континуираното снабдување на Европа со руска енергија, бидејќи прекинот на увозот, како што рече, негативно би влијаел врз цената и конкурентноста на европската економија.

Би можело да ве интересира

Фицо: Словачка ќе ги заштити своите интереси кога станува збор за снабдување со енергија од Русија

Фицо: Без право на вето од секоја земја-членка, нема да постои ЕУ

Фицо: Укинувањето на правото на вето што го има секоја европска земја ќе доведе до крај на ЕУ

А1он

Фицо: Доколку антируските санкции не ја загрозат Словачка, се согласуваме со ЕУ

Фицо: Не е соодветно партнерите од ЕУ и НАТО меѓусебно да издаваат наредби за забрана на летови

А1он

Фицо се сликаше во Дунав за да одговори на гласините за здравствените проблеми