Вучиќ изрази сочувство до семејствата на жртви во Сребреница: Не можеме да го промениме минатото, но мора да ја промениме иднината

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ уште еднаш, во име на граѓаните на Србија, изрази сочувство до семејствата на бошњачките жртви во Сребреница и изрази верување дека сличен злостор никогаш повеќе нема да се случи.

Во објава на мрежата X, по повод 30-годишнината од злосторството во Сребреница, Вучиќ нагласи дека не можеме да го промениме минатото, но мора да ја промениме иднината.

„Денес се одбележува 30-годишнината од ужасниот злостор во Сребреница. Не можеме да го промениме минатото, но мора да ја промениме иднината. Уште еднаш, во име на граѓаните на Србија, изразувам сочувство до семејствата на бошњачките жртви, убеден дека сличен злостор никогаш повеќе нема да се случи“, рече претседателот Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Влада: Геноцидот од Сребреница да остане траен потсетник на обврската за зачувување на мирот

Горан Наумовски

Шешељ: Во Сребреница се случи воен злостор, но тоа не беше геноцид

Кос: Сребреница е длабока лузна во европската историја

Филипче: Сребреница засекогаш ќе остане симбол на опасноста од поделби и омраза

Горан Наумовски

Израелски историчар: Во Сребреница не е извршен геноцид

А1он

Вучиќ на средба со жителите на подрачјата погодени од пожарот: Сè ќе надоместиме