Мелони бара зголемен притисок врз Москва за да прекине огнот во Украина

Од:

Италијанскиот премиер Џорџа Мелони денес повика на зголемен притисок врз Москва бидејќи, како што рече, Русија не покажува подготвеност да постигне напредок во преговорите за постигнување мир во Украина.

„Со масовното и континуирано бомбардирање на цивили, Русија не покажува подготвеност да постигне напредок. Затоа, паралелно со потребната поддршка за Украина, се согласувам дека мора да го зголемиме и притисокот врз Москва за што поскоро постигнување прекин на огнот и да отвориме пат за дипломатија. Мора да запомниме дека ова може да се случи само со одвраќање“, рече Мелони на Конференцијата за обнова на Украина во Рим.

Мелони нагласи дека единството на Западот по ова прашање е клучно, додавајќи дека Украина може да смета на поддршката од Италија, пренесува Анса.

„Секогаш можете да сметате на целосна поддршка од Италија и многу сум горда на работата што е извршена утрово, што ни овозможи да обезбедиме договори вредни над 10 милијарди евра. Затоа ви благодарам вам, колегите, и на приватниот сектор што нè поддржаа и учествуваа во ова“, рече италијанскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Мелони: „Претседателе Трамп, фокусирај се на себе“

Се скараа Мелони и Трамп: Ми беше жал за неа

Украина погоди поморска база длабоко во Русија

А1он

Осуммина повредени во напад со руски дрон врз Черниговската област во Украина

А1он

ОН: Најмалку 15.850 цивили убиени во Украина од почетокот на војната

А1он

Мелони збесна поради АИ слика на која таа е во долна облека, а стана вирална