(ВИДЕО) Русија со дрон погоди украински манастир – загина свештеник

Од:

Русија погоди манастир во регионот Херсон во јужна Украина, при што загина еден свештеник, а четворица други беа повредени, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски на социјалната мрежа „Икс“ наведе дека во вчерашниот напад е употребен FPV-дрон, односно беспилотно летало чиј пилот ја гледа сликата од неговата перспектива во реално време.

Регионалните власти соопштија дека Русија го нападна манастирот и селото Червониј Мајак долж реката Днепар, која ги раздвојува украинските и руските сили.

Зеленски исто така извести за напади врз критична и цивилна инфраструктура во регионите Харков, Суми и Одеса, како и за напади врз станбени згради во регионите Днепропетровск и Запорожје.

Според него, од претходната вечер се нападнати и други региони.

Според Зеленски, минатата недела Русија употреби над 2.000 дронови, 1.700 наведувани авионски бомби и 19 крстосувачки и балистички ракети.

Русија ја започна инвазијата врз Украина пред повеќе од четири и пол години.

Би можело да ве интересира

Ердоган разговараше со Зеленски: Турција е подготвена да стори сè што е во нејзина моќ за мир

А1он

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина се без електрична енергија по нападот

А1он

Лавров: Ако Зеленски сака да се сретне со Путин, ќе мора да дојде во Москва

А1он

Зеленски: Во Турција ќе се одржат важни преговори за ставање крај на војната со Русија

А1он

„Фајненшел тајмс“: Русија бeше подготвена да се повлече во 2023 година, Зеленски го одби предлогот

А1он

Зеленски ги потврди преговорите со Русите и најави два клучни услови

А1он